| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија за првпат на изборот за најубава госпоѓа на светот (ФОТО)

image-7ae143af850823bd3e7ac9d75ef1cfa1ac50bb05757ec0e8a7fdd42860734e53-V

Оваа сабота, 12 март во градот Донггуан во Кина ќе се одрзи светскиот избор за најубави госпоѓи „Mrs World 2016“.

Ова е традиционален избор, кој се одрзува веќе 30 години, а ова е првпат и Македонија да има своја претставничка.

На 31. издание на изборот за најубави госпоѓи ќе нè претставува 29-годишната Александра Гериќ од Охрид, манекенка од модното студио „Црнокрак“ и поранешна мис.

_DSC0026_1 (2)

Гериќ веќе две недели е во Кина, каде што со другите кандидатки од целиот свет се подготвува за големото финале што ќе се одржи утре.

Лиценцата за Македонија за овој избор ја има модното студио „Црнокрак“, заедно со Јеевика Шах од Индија, која е координатор за балканските држави и која беше „Мрс Индија Ворлд 2004-2005“.

image-8cd80441b693a539c7b4bde1834abe0d0bc209e103c234cc1fef00cfd628ea7a-V

Александра на финалето ќе се претстави во креации на Ненад Секирарски, изработени специјално за оваа пригода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top