| четврток, 6 декември 2018 |

Евгенија е „Мис Медитеран“, со титули заминаа уште три Македонки

Шеснаесетгодишната Евгенија Ризова од Скопје е победничка на изборот за убавина „Мис на Медитеранот 2017“, кој викендов се одржа во Киренија, Кипар.

20170514_011231

 

Титулата прва придружничка ја освои претставничката на Италија Ракел Домингос, додека за втора придружничка  е избрана скопјанката Ивана Ѓеорѓиевска (18).

 

Со титула заминаа и преостанатите наши претстанички. Кумановката Ангела Спасовска(18) ја освои титулата „Мис Елеганс“, а Катерина Бошковска(19) од Скопје ја освои титулата „Мис Персоналити“.

Сите наши претставнички се членки на модното студио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина кој се одржува од 2004 година во организација на АЅА Продуцтион од Бејрут, Либан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top