Тренерот на младиот фудбалски тим од Тајланд, 25-годишниот Екапол Чантавонг, познат и како Аке, ја предводел експедицијата за носење на децата во пештерата.
Мислењата за него се поделени, некои го обвинуваат за водење на децата во пештерата, додека други велат дека работи најдобро во дадените околности.
Кога групата била пронајдена, нуркачите рекле дека тренерот бил најслаб во групата, затоа што одбил јаде било каква храна, давајќи им се на децата.
Во писмото напишано рачно, тој им се извинил на родителите на децата, од кои некои рекле дека не го обвинуваат.
Американските медиуми пренесуваат дека во САД би бил соочен со низа обвиненија, па дури и кривични пријави, додека на Тајланд го гледаат како херој.
Тој на родителите им напишал:
“Драги родители, сите деца се во ред. Тука има луѓе кои навистина се грижат за нив. Ветувам дека ќе се грижам за децата најдобро што можам. Навистина ми е жал”.
Како одговор на тоа, родителите на децата го увериле да не се обвинува сам за трагедијата која му се случила на фудбалскиот тим кој е заробен под земја повеќе од две недели.
“Почитуван тренеру Аке, ние, како родители на децата, веруваме во тебе и во твојот дух и дека добро си се грижел за нашите деца. Само сакаме да знаеш дека тоа не е твоја вина. Сите сме тука и не те обвинуваме и сакаме да не се обвинуваш сам. Сите разбираме што се случило и тука сме да ви пружиме поддршка. Ја цениме твојата грижа за нашите деца”.
ขอแสดงความยินดีกับ #ทีมหมูป่า และครอบครัว ที่ได้รับการช่วยเหลือในเบื้องต้นแล้ว ขอบคุณความมุ่งมั่น ความพยายามของเจ้าหน้าที่ ชาวบ้าน และจิตอาสา ที่ทำให้ภารกิจนี้สำเร็จ รักษาสุขภาพให้แข็งแรงแล้วออกมาเจอพวกเราเร็วๆ นะคะ
Credit: Akkapol Chanthawong/facebook#ถ้ำหลวง #13ชีวิตต้องรอด pic.twitter.com/TZAi4kTBBt
— JobThai (@JobThai) July 3, 2018
Извор: Точка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


