| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Аркан и Цеца ќе убиеше боксер во рингот (Видео)

Српскиот боксер Вељко Ражнатовиќ стигна до третата победа за само неколку месеци, откако без проблеми го доби дуелот со италијанскиот боксер Данило Станоче. Во рингот во Јагодина, две борби траеше мечот на кој Ражнатовиќ доминираше.

Клучниот напад се случи во втората рунда, кога Србинот го прати противникот на патос, а судијата досуди победа со технички нокаут. Италијанскиот боксер не можеше да стане, па брзо реагираше и лекарската екипа. Нокаутираниот боксер на носилки беше изнесен од рингот и пренесен во болница.

Вељко, кој е син на починатиот Жељко Ражнатовиќ – Аркан и на пејачката Цеца, пред неколку месеци ја започна боксерската кариера, а ова беше негова трета борба и трета победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top