Дејанчо Ефтимовски, члена на Извршниот комитет на ВМО-ДПМНЕ го повика граѓаните на Струмица и регионот денеска да им се придружат на протестниот марш со цел да ја поразат власта.
-Протестниот марш е дел од најавеното жешко лето на ВМРО-ДПМНЕ. Струмица е местото од каде потекнува актуелниот премиер Зоран Заев. Праксата на лошо владеење овде трае 13 години. Сега пресликана од локално на национално нив. Тој политикански модел се води од лични и партиски интереси.Неуспешните преговори и потпишаниот договор резултираа со катастрофа на националните интереси. премиеро лично ја води реформата на праводусниот систем додека во република Македонија се крши Уставот, се донесуваат порачани судски одлуки, партиски мотивиран прогон. Видивме какви интриги користат органите за задолжени да обезбедат ред и поредок. немањето идеја како да се управува со економијата го води стопанството во крах. на сите одржани средби граѓаните од регионов го изразуваа незадоволството и очајот. Ги бараат ветените 500 евра плата, ги нема ниту ветените 100.000 плата за лекарите, младите се иселуваат од земава додека нашиот регион доректно е загрозен од неспособната политика за земјоделието. затоа ги повикуваме граѓаните од Струмица и и регионот да ни се придружат и заедно да ја поразиме оваа ненародна власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)