| четврток, 6 декември 2018 |

Се појави снимка од спасувачот што загина во пештерата во Тајланд: „Ќе ги вратиме момчињата дома“ (ВИДЕО)

Еден тајландски спасувач загина за време на спасувачката операција на 12 момчиња и нивниот фудбалски тренер кои сѐ уште се заробени во пештерскиот комплекс на северот на Тајланд, додека спасувачката мисија продолжува и покрај обилните врнежи, пренесуваат агенциите.

Поранешниот припадник на елитната морнаричка единица СЕАЛ Самарн Поонан, кој бил дел од спасувачкиот тим во пештерата Там Луанг во покраината Чианг Раи, загина синоќа откако влегол во пештерата за да остави резервоари со кислород вдолж рутата по која момчињата би требало да се извлечат од потопениот пештерски комплекс.

Се појави и снимка од трагично настраданиот спасувач направена пред да влезе во пештерата. На снимката порачува дека „ќе ги врати момчињата дома“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top