| четврток, 6 декември 2018 |

Викенд на шпански филм во Прилеп

“Викенд со шпанскиот филм” е наслов на културен настан што викендов ќе се одржи во Прилеп во организација на Општината и амбасадата на Кралството Шпанија. Во рамките на ова случување ќе бидат прикажани четири филмови во шпанска продукција на летната сцена и во кино-салата од Центарот за култура “Марко Цепенков”.

Целта на овој културен настан е зголемување на соработката меѓу Општина Прилеп и амбасадата на Кралството Шпанија, а воедно и поголема промоција на шпанскиот филм, јазик и култура, воопшто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top