| четврток, 6 декември 2018 |

Недела на шпански филм во Битола

Во организација на Центарот за култура и Амбасадата на Шпанија од денеска, 24 до 30 октомври во Битола ќе се одржува Недела на шпански филм.

Според програмата, циклусот филмови ќе почне со романтичната комедија „Мигел и Вилијам“ во режија на Инес Парис, а ќе продолжи со „Ѕвезда што паѓа“ во режија на Луис Мињаро.

– Филмофилите од Битола го очекуваа циклусот филмови од Шпанија и затоа ќе им ги понудиме и „Среќна ѕвезда“ во режија на Рикардо Франко, трилерот „Нема мир за злите“ во режија на Енрике Урбизу“, урбаната комедија „Овците не го пропуштаат возот“ во режија на Алваро Фернандез Армеро, анимираниот филм за авантурите на Дон Кихот и Санчо Панса „Магарето на Дон Кихот“ во режија на Хосе Позо, а ќе биде прикажан и „Сите тие се мртви’ во режија на Беатриз Санчез, велат од Центарот за култура.

Ревијата шпански филмови ќе заврши со двата дела на анимираниот филм „Дон Кихот Де Ла Манча“ во режија на Круз Делгадо и Хозе Ромагоса, како и со играниот филм „Мал Остров“ во режија на Алберто Родригез, Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top