| четврток, 6 декември 2018 |

Заев со широка насмевка на лицето: Ние ќе бидеме Република Северна Македонија со Грција, со Бугарија, со сите наши соседи, со сите земји во светот (видео)

Со ратификацијата на договорот во Грција тогаш е ратификувано од двете страни и тогаш стапува на сила. Тоа значи дека ние ќе бидеме Република Северна Македонија со Грција, со Бугарија, со сите наши соседи, со сите земји во светот, со сите меѓународни организации, вели премиерот Зоран Заев со силна насмевка на лицето кога го споменува името Северна Македонија во радост дека истиот го сменил.

Заев во интервјуто за грчката национална телевизија ЕРТ вели дека со уставните промени, и кога ќе ги отвораме поглавјата во ЕУ новото име ќе почнеме да го употребуваме како дома, така и надвор.

– Секое поглавје допира до сите институции и употребата пополека ќе навлегува дома, со тоа на еден начин и Грција ќе ни помогне побрзо да одиме со поглавјата, а и побрзо да дома да биде употребата со полноправното членство во ЕУ ние очекуваме да биде не подоцна од 2025 година комплетно и за дома и целосно за надвор ќе биде Република Северна Македонија, кажа Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top