| четврток, 6 декември 2018 |

Светско првенство во носење на сопруга на грб (видео)

FINLAND-COMPETITION-ENTERTAINMENTВо сѐ има натпревар, па дури и во носење сопруга на грб… На Светското првенство во носење сопруга на грб во Финска победила двојката Кристина Хаапанен и Таисто Миетинен. Второто место го освоиле Алар Вогл и Кристи Вилтроп од Естонија.
Се работи за традиција која трае 21 година. За првпат вакво првенство се оддржало во 1992 година, а наградите се пиво во  количина пропорционална на тежината на учесниците во натпреварот.
Должината на тркачката патека е 253,5 метри, постојат три пречки од кои едната е мал базен полн со вода. Минималната тежина на учесниците не смее да биде под 49 килограми. Награди се обезбедени и за најинтересната двојка, најдобриот костим и најдобриот поединец. Партиципацијата во трката изнесува 50 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top