| четврток, 6 декември 2018 |

Видео од железничката несреќа во Русија

Руски патнички воз попладнево излета од пруги. Се движел од Новосибирск, Сибир, кон одморалиштето Адлер на Црно Море, во јужна Русија. Повредени се 80 луѓе, а 15 се наоѓаат во болница. Излетале 11 вагони, а седум од нив се превртеле. Според првичните информации, причина за несреќата е наглото запирање на машиновозачот откако забележал дека шините се искривени од топлото време.

Меѓу хоспитализираните има и пет деца. Во возот имало 600 патници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top