| четврток, 6 декември 2018 |

И Тулалан оди во Монако

Францускиот репрезентативец Жереми Тулалан од Малага се сели во Монако потпишувајќи двегодишен договор

resizedimage600335-Toulalan-Vadim

Тој е седмото засилување за овој клуб кој од следната сезона повторно ќе биде дел од најсилната фудбалска лига на Франција.

Пред Тулалан, Монако ги договори Радамел Фалкао, Жоао Мутињо, Џејмс Родригес, Ентони Мартијал, Рикардо Карваљо и Николас Исимат-Мирин.

Тулалан минатата сезона во дресот на шпанскиот тим одигра 25 меча и постигна три гола. Пред Малага ги носеше дресовите на Лион и Нант. Националниот дрес на Франција го носеше на 36 меча.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top