По 77 години Енди Мареј го разби малерот – конечно британски шампион на “Вимблдон”. Тој го совлада светскиот рекет, број еден Новак Ѓоковиќ со 6:4, 7:5, 6:4 во финалето на овогодинешното издание на турнирот.
За последен пат во 1936 година легендарниот Фред Пери ги израдува домаќините на турнирот. Шкотланѓанецот го докажа подемот во последните сезони и на олимписката титула и трофејот од УС Опен, го додаде и овој од Вимблдон.
Мареј ја затвори средбата по неверојатен гејм на свој сервис, во кој прво поведе со 40:0, но Ѓоковиќ спаси 3 меч топки, а потоа неколку пати пропушти да го израмни резултатот во сетови. На крајот Шкотланѓанецот се избори на свој сервис, и на тој начин стави крај на шоуто. Средбата траеше скоро 3 и пол часа и ги спротивстави првите двајца во светот – по трет пат во последните 4 изданија на Гренд Слем турнири, Мареј и Ѓоковиќ влегоа во битка за титулата.
Енди Мареј ја оствари осмата победа против Србинот, додека Ноле има 11 триумфи над денешниот противник. Во финалињата на турнирите, сепак тие се израмнети – 4:4 во победи, пред да се дојде до денешниот успех на Британецот.
За успехот Мареј ќе прибере цели 1.6 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.