| четврток, 6 декември 2018 |

Асфалтот го изеде бостанот: Бостанџиите незадоволни од цената за откуп (ВИДЕО)

Земјоделците почнаа да ги кршат бостаните незадоволни од откупната цена која е само три денари. Тие решија да го стопираат откупот, бидејќи како што велат цената која е моментално, не им е доволна ниту да ги вратат трошоците кои се направени за одгледувањето.

Тие револтирани од односот на Владата, Министерството за земјоделство и министерот Љупчо Николовски, почнаа да го кршат бостанот од земја.
Инаку, земјоделците веќе неколку дена реагираат на катастрофалната цена за откуп на бостанот.

Не требаше да помина долг период за да се види дека владата на СДСМ ги остави земјоделците буквално на цедило. Минатата година земјоделците се жалеа на несериозноста од страна на министерот Николоски и во знак на револт беа принудени да протестираат и бостанот да го фрлаат пред министерството за земјоделие. Истиот проблем земјоделците го имаат и оваа година кога владата нема слух за нивните проблеми. Според домашните одгледувачи, министерството за земјоделие воопшто не ги сфаќа сериозно нивните барања и проблеми.

Граѓани стравуваат и за животна егзистенција за себе и за своите семејства, бидејќи одгледувањето на бостан им е единствен пат до доаѓање на парче леб за нивните семејства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top