Македонскиот виртуоз Симон Трпчески беше испратен со овации од воодушевената публика по настапот во престижниот Рецитал Хол во центарот на Сиднеј.
Врвниот изведувач настапи во рамки на Интернационалната серија за интензивни и уникатни артистички изведби со композиции од Григ, Менделсон и Римски-Корсаков оставајќи ги љубителите на класиката во занес.
Токму поради тоа, како и беспрекорната техничка изведба и интроспекција, македонскиот виртуоз настапува со најпознатите светски симфониски оркестри во Лондон, Сиднеј, Окланд,Петербург,Осло, Хелсинки, Цирих, Лос Ангелес,Сан Франциско,Вашингтон, и низа други.
Симон Трпчески повторно се враќа на 28 јули кога ќе ги плени вљубениците на класиката во Тасманија по што следуваат концерти и во Нов Зеланд.
извор: sbs.com.au/ фото/видео: Фејсбук
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.