Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти дека в недела партијата ќе одржи протестен марш во Струмица. Во неговото обраќање до граѓаните тој рече:
-Владата и министрите кои те убедуваат во сосема спротивна розова и разубавена слика од она која реално ја гледаш и чија суровост ја живееш секој ден те прави пасивен. Дополнително ти вели премиерот името Македонија морало да се избрише, ама пустото боли, пече, затоа што тоа е името под чиј бајрак и име растеле и умирале твоите предци, и под чиј код се родени твоите деца. Името кое го изговараш со чест, достоинство и трепет во душата и сега ти велат морало да се откажеш затоа што само така ќе било подобро, а ти знаеш дека тоа не е така. Живееме живот во кој поразите стануваат секојдневие, а победите ги нема.
Да ја победиме неправдата, додава тој, и да се чуе тој пркосен глас кој силно вреска во вашите срца и да кажеме дека мора подобро.
Протестниот марш ќе почне во 13 часот од паркот во Струмица по шеталиштето до општината Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)