| четврток, 6 декември 2018 |

Вработени ќе протестираат против самоволието на директорот на ОУ ,,Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром

Незадоволни од работата и однесувањето на директорот на ОУ ,,Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром, група вработени најавија прес конференција и протести.

Тие директорот го обвинуваат за незаконско издавање на фискултурна сала на трети лица преку посредство на вработениот домаќин во училиштето , за кого велат дека е директен учесник во крвавите настани од 27 април во Собрание на РМ.

Вработените кои најавија прес конференција за утре, трети јули во 10 и 30 пред училиштето, тврдат дека директорот на училиштето ја има поддршката и од актуелниот градоначалник на Аеродром, Златко Марин.

Тие досега му испратиле неколку дописи за недозволените активности на директорот , но од градоначалникот немало никаква реакција.

Вработени го обвинуваат директорот за наводна продажба на тестови по математика на ученици од училиштето, но и за наместени тендери и расипничко трошење пари од касата на ова училиште.

Според дописот, тој дал отказ на нивна колешка која била бремена.

Директорот на ОУ ,,Ѓорѓија Пулевски“ е поставен уште пред 5 години во времето на поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски.

Речиси сите директори на училиштата во оваа општина се поставени од поранешната локална власт, предводена од ВМРО ДПМНЕ и се уште се на своите позиции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top