| четврток, 6 декември 2018 |

Исламистите фрлија момче од покрив (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ И ВИДЕО)

momcinjaTинејџер е убиен во Египет откако исламистичка толпа го фрлила момчето од врвот на покривот на една зграда и го тепале додека лежел умирајќи. Според локалните медиуми, младото момче идентификувано како Хамада Бедр (19), и тројца негови пријатели се снимени на камера како се криеле од поголема група членови на Муслиманското братство кои ги бркале на терасата од зградата во Александрија.

momcinja1

На видеото снимено од мобилен телефон спроти зградата се гледа како четирите момчиња бегаат од групата за време на насилните протести во петокот. Насилната група најверојатно ги бркала до покривот, кога момчињата успеале да се качат на структурата, по што групата ги опколила.

momcinja2

Таткото на едно од момчињата изјавил дека тие биле надвор за да го прослават истерувањето на исламистичкиот лидер Мухамед Морси, кога биле пресретнати од групата поддржувачи на Морси. По размената на навреди од двете страни, припадниците на Муслиманското братство би присилиле момчињата да влезат во зградата во која се случил грозоморниот чин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top