Себастијан Фетел застана на пиедесталот на Германското гран-при. Светскиот шампион првпат победи на домашен терен, во трка во која безбедноста повторно загрижува по серијата инциденти што се случија.
Тој стигна до четвртата победа оваа сезона на патеката Нирбургринг во време 1:41:14.711 часа. Второто место со една секунда заостанување го освои возачот на Лотус, Кими Раиконен, пред неговиот тимски колега Роман Грожан.
Фернандо Алонсо се најде на четвртото место, а зад него беа Луис Хамилтон од Мерцедес, Џенсон Батон од Мекларен, Марк Вебер од Ред Бул, Серхио Перез од Мекларен, Нико Розберг од Мерцедес и возачот на Заубер, Нико Хулкенберг.
Во генералниот пласман Фетел го зголеми водството на 157 бода пред Алонсо кој има 123, а трет е Кими Раиконен со 116 бода.
Ред Бул со 250 бодa води кај конструкторите пред Мерцедес, кој има 183 и Ферари со 180 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)