| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се најбараните професии во Германија?

Во една од економски најразвиените земји во Европа, Германија, има хроничен дефицит од повеќе видови професии.

За дел од нив е потребно високо образование, но има и оглема побарувачка за стручни и технички лица со завршено средно образование.

Секоја година Германија изготвува т.н. бела листа на која се наоѓаат најдефицитарните професии кои отвораат можност за вработување на странски државјани дури и од земјите надвор од ЕУ.

Доколку вашата професија е на оваа листа, а вие барате работа во Германија, потребно е да утврдите дали вашето ниво на квалификации е адектватно на она со кое се стекнува со истата обука во Германија. Доколку е, добивате потврда од надлежниот орган на државата и имате можност да аплицирате за вработување во Германија.

Според веб страната Make it in Germany, во моментов во Германија има над 5.000 слободни работни места за доктори, како и илјадници слободни места за различни видови на инженери.

Меѓу најбараните работници со пониско образование се негуватели, медицински сестри, паркетари, ѕидари, металски работници, електричари…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top