| четврток, 6 декември 2018 |

Камерман повреден од тркалото на Вебер (видео)

veber-500Марк Вебер уште во деветиот круг ги загуби шансите за висок пласман на трката за Големата награда на Германија на патеката „Нирбургринг“., Тој по излегувањето од боксот остана без тркало. Имено, луѓето од тимот кои беа задолжени за десното тркало, не беа доволно брзи и не го наместија како што треба, а Вебер доби знак да тргне. Сепак, по само неколку метри пилотот на Ред Бул остана без тркалото кое заврши во еден камерман.

За среќа камерманот не е сериозно повреден, но Вебер мораше да се врати во боксот поради што загуби драгоцено време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top