Популарната водителка и некогашна лото-девојка, Сузана Манчиќ, денеска ќе се омажи со долгогодишниот вереник Симон Оцомокос на грчкиот остров Пилион каде младоженецот има викендица.
Двојката, која е во врска од 2000 година неколкупати ја одложуваше венчавката.
Српските медиуми пренесуваат дека Манчиќ и нејзиниот животен партнер за првиот танц на прославата ја одбрале песната „Само једном се љуби“ која ќе ја изведе оркестар кој специјално за приликата ќе биде донесен од Србија.
Ова ќе биде втор брак за 60-годишната водителка, која со Небојша Куниќ има две ќерки. A, вака Теодора и Наталија изгледаат за венчавката на нивната мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.