| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонска вселенска ракета се урна и експлодира неколку секунди по лансирањето (ВИДЕО)

Лансирањето на приватно развиената јапонска ракета MOMO-2 резултираше со катастрофален неуспех, откако вселенското летало се урна на Земјата по само неколку секунди во лет. Ракетата експлодира оштетувајќи ги објектите на земјата.

Ракетата MOMO е развиена од приватна компанија со амбициозно име „Интерстеларни технологии“ (Interstellar Technologies). Ракетата беше лансирана од Таики, префектурата Хокаидо, денеска рано наутро.

Ракетата успешно се одвои од лансирната рампа, но само неколку секунди во летот нејзиниот мотор се исклучи. Тогаш вселенското летало испушти силен звук и сив чад, а се појави и оган од страна на резервоарот за гориво, веројатно поради напукнување на резервоарот. Ракетата потоа се урна на Земјата, експлодира во спектакуларна огнена топка и ја оштети лансирната рампа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top