| четврток, 6 декември 2018 |

Петре пишман Петре: Ќе се наплаќа паркинг за моторите, ама по една година (ВИДЕО)


Градоначалникот на Скопје ја повлече првичната изјава дека брзо ќе стартува наплата на паркинг за мотори во Скопје под притисок на јавноста дека со ова се воведува нова давчка за граѓаните.
Петре Шилегов на седницата на совет на град Скопје во четвртокот изјави дека се стартува со наплата на паркинг за мотори откако ќе бидат определени посебни места за овие возила во катните гаражи и паркиралиштата.
– Да, Градски паркинг ќе достави нов ценовник на услуги, со кој што ќе наплаќаме паркирање на моторите кој што сега се паркираат кој кај што стигне, изјави Шилегов.

Откако имаше бурна реакција на граѓаните тој сепак ретерираше од оваа негова изјава, и ги обвини медиумите дека шират лажни вести претходно заборавајќи дека самиот даде ваква изјава.
– Не знам зошто секогаш имаат потреба да ги извртуваат работите и безочно да ЛАЖАТ со цел и најдобрите намери ги прикажат со или во некаква црнина, напиша Шилегов на својот фб профил.
Тој додаде дека сепак ќе се наплаќа паркинг но тоа ќе биде една година откако ќе бидат обележани паркинг местата.
-Даваме МОЖНОСТ луѓето кои ги користат овие превозни средства, да можат своите мотори безбедно да ги остават на паркинзите. Особено што голем дел од нашите граѓани, во пролетно/летниот период ги користат моторите да стасаат до своите работни места и мака мачат каде да ги остават за време подолгиот престој. Оваа услуга во првата година ќе се нуди БЕСПЛАТНО, напиша Шилегов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top