| четврток, 6 декември 2018 |

Стравична несреќа го потресе Сараево: Загинале три млади девојки, возачот повреден

Уште една девојка (17) им подлегнала на повредите после синоќешната тешка сообраќајна несреќа која во после пладневните часови се случила на автопатот А-1 на делницата Битуле во БиХ со што бројот на жртви се искачил на три.

Две девојки (18) смртно настрадале на лице место. Тешки телесни повредил заработил возачот (20). Сите настрадани се од Сараево, пренесоа медиуми од регионот.

-На 29 јуни се случила сообраќајна несреќа. Нерегистрирано моторно возило MW-X5 свртело во десната страна од коловозот и удрило во заштитна метална ограда и метален столб, носач на сообраќајна сигнализација. Возилото на предната страна имало несоодветни регистарски таблички 689-M-155, a на задната страна исто така несоодветни регистарски таблички 669-E-I55- соопштила сараевската полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top