Јавноста потполно беше затечена од информацијата дека познатиот рапер има вонбрачно дете, а сега уште повеќе ги шокира тоа што тој го крие синот од сите.
Иако со месеци се шпекулира дека популарниот Дрејк има вонбрачно дете, музичарот дури сега ја отвори душата и му призна на светот дека е татко на момче, кој го добил од врска со француската порно актерка Софи Брусо.
Во песната „Емоционален“ раперот зборува за неговата улога на татко, а меѓу другото се обидува да открие зошто малечкиот не го покажал на свеот.
-Не го криев своето дете од светот, го криев светот од своето дете-вели тој.
Дрејк и поранешната порно ѕвезда се забавувале кратко. Последен пат се фотографирани заедно во јануари 2017 година, а Софи потоа рекла дека затруднела со раперот, кој наводно ја терал да абортира.
Дрејк само еднаш го има видено синот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.