| четврток, 6 декември 2018 |

Погледнете што му направи Мадона на раперот Дрејк и неговата реакција (фото+видео)

00040996

Мадона беше бомбардирана со лоши коментари и потсмев, откако на сцената страсно го бакна раперот Дрејк. Тоа се случило  на калифорнискиот музички фестивал „Coachella“, каде 57 годишната Мадона и 28 годишниот Дрејк пееја во дует.

Раперот седеше на стол на сцената кога поп-иконата го зграпчи, впивајќи ги усните во неговите. Бакнежот траеше долго, а потоа Дрејк  намуртен се држеше за усните и дури се исплука.

Присутните на шоуто и оние кои го поледнале видеото, не успеаа да сфатат, дали раперот се гади  од нејзиниот бакнеж  или Мадона едноставно  го касна по јазикот.

madonna-drake

Случката на интернет предизвика лавина од коментари на  адреса на Мадона.

„Леле, таа вештерка му ја испи младоста!“,  “Каде е тргнала оваа? Наскоро ќе и треба бастум!” и сл.

Неодамна Мадона во едно интервју призна  дека е вљубена во тројца мажи: Ален Делон, Барак Обама и третиот е токму Дрејк.

Погледнете како Мадона го бакнува Дрејк и неговата реакција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top