Верувале или не, оваа фотографија ја објавила мајката на Дрејк, со која испратила порака до светот. Имено, несреќната жена ја објавила фотографијата во име на сите оние кои поминуваат низ ваквите потешкотии во животот, предупредувајќи дека „оваа болест многу брзо станува реална и страшна”.
Таа наведува како нејзиното дете не може да ги издржи нејзините допири, бидејќи секој дел од телото го боли. Таа ги пренесува неговите стравови дека нема да го доживее 11-тиот роденден и дека секоја вечер го смирува во неговиот кревет, бидејќи тој се плаши од смртта. Мајката раскажува дека го смирува малиот Дрејк, кажувајќи му приказни за рајот.
Фотографијата која таа ја објавила го прикажува Дрејк, наведнат во бањата, без коса поради хемотерапиите кои ги прима.
– Пред да вриснете зошто сум објавила дете во долна облке, ќе Ви кажам. Под еден, неговите гаќички не се ништо поразлични од оние за капење, а под два, животот не е секогаш праведен и убав – ова е реалноста. Ракот ја уништува личноста – додава таа.
Објавата резултирала со разни коментари во вид на поддршка за сето она низ кое Дрејк и неговото семејство проаѓа.
– Никој не знае како е, бидејќи никој не прошетал во твоите чевли, спиел во твојот кревет или поминал минута во твојата глава. Објавувај фотографии и зборувај за твојата приказна. Никој нема да знае како е сè додека не им ја покажеш реалноста. Ракот не е убава работа. Тој е злобен, грд и не го интересираат Вашите години. Кажи им сè. Само храбро, Дрејк! – е само еден од мноштвото коментари за поддршка на ова младо момче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.