| четврток, 6 декември 2018 |

Ветерот кршел дрвја, превртувал камиони, девојка за влакно избегнала рушење на кровот – силна бура во соседството

Пороен дожд погоди повеќе делови на Србија, предизвикувајќи поплави и проблеми во сообраќајот, а под вода биле и неколку сообраќајници во Белград.

Големо невреме со силен ветер и дожд ја погоди Суботица, а како што соопштија локалните медиуми, во тој град многу улици се поплавени, сообраќајот е забавен, а има и искорнати дрвја.

Сообраќајот на Ибарска магистрала, во близина на Степојевац, речиси е целосно блокиран бидејќи поради надојдената вода таму е формирано буквално езеро. Досега во Степојевац се евакуирани 30 луѓе, а во прекин е и електричната енергија.

Во некои делови од земјата, кои се зафатени од невремето, надојдената вода однела неколку автомобили, а луѓето биле принудени да бегаат од возилата.

Спасувачки екипи со чамци итно се испратени во поплавените подрачја.

Пороен дожд го зафати и Нови Сад, предизвикувајќи големи проблеми, а надлежните служби се наоѓаат на терен.

Засега нема информации за жртви, но има повредени. Очевидци тврдат дека една девојка за влакно избеглна на неа да се сруши кровна конструкција која паднала од зграда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top