| четврток, 6 декември 2018 |

Градежен работник загина во болницата во Козле

Градежен работник загина во трагична несреќа што се случи утрово за време на изведување градежни работи во болницата во Козле.

Според полицијата, во несреќата настрадал 55-годишниот тетовец Садри А. откако паднал од скеле високо 3,5 метри.

При падот добил тешки повреди и починал на пат кон Ургентниот центар во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top