На Детската болница „Козле“ денеска и беа донирани 10 прочистувачи на воздух.
– Ваквите вложувања нѝ помагаат да го достигнеме посакуваното ниво на услови за престој на децата – пациенти во нашата здравствена установа. Оваа донација доаѓа во вистинско време, кога нивото на загадување на водухот е високо, што ѝ дава специфична тежина и значење.
Поради тоа сите ние сме особено благодарни, изјави директорот на Детската болница „Козле“, Ангелчо Андоновски, при примопредавањето на донацијата.
Средствата за набавка на прочистувачи на воздух се обезбедени преку лични донации од членовите на граѓанското здружение „Ротари клуб Скопје – Интернационал“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Без вода жителите на улица „Козле“
-
Во Детска болница Козле немало пожар, туку топење на каблите во еден од тоалетите
-
Во Детската болница „Козле“ и во трета смена ќе има комлетни лабораториски испитувања
-
Иако е лето: Детската болница „Козле“ преполна со пациенти, се жалат на пролив, повраќање и главоболки