| четврток, 6 декември 2018 |

Државната матура со подобри резултати од лани

Просечната оценка што ја постигнаа матурантите при полагање државна матура годинава е 3,18 и е повисока од минатогодишната што изнесуваше 3,09.

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски на прес-конференција за прелеминарните резултати од државната матура истакна дека кај повеќето предмети има подобрување во постигањето споредено со минатите години.

– Тоа е показател за подобрување на основните знаења и адаптирање на стандардите на државната матура, оцени Ристовски.

Прелеминарните резултати Државниот испитен центар веќе ги дистрибуира до училиштата и во електронска форма ќе бидат достапни утре, а задутре и на огласните табли.

Најдобри резултати годинава постигна битолската гимназија „Јосип Броз Тито“. Матурнатите што нема да поднесат приговор на резултатите ќе можат да ги сметаат за конечни прелеминарните резултати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top