| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца загинати, повеќе од 60 повредени во авионската несреќа во Сан Франциско

avion san francisko2Најмалку двајца загинаа, а повеќе од 60 се повредени во авионската несреќа што вчера попладне се случи на аеродромот во Сан Франциско. Авионот на компанијата Азијана ерлајнс од типот „боинг 777“ се запалил за време на слетувањето, но причините за сега не се познати.

Боингот летал на директна линија од Сеул, Јужна Кореја, до Сан Франциско, кога пред слетувањето се запалил опашот на авионот. Во моментот на несреќата во леталото имало 291 патник, меѓу кои и едно бебе и 12 членови на екипажот.

avion san fran

Си Ен Ен јави дека станувало збор за принудно слетување, а причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат.

Очевидец на инцидентот на Твитер навел дека авионот слетал под погрешен агол, по што се превртел и експлодирал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top