Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот избраник Филип Живоиновиќ се заветуваа на вечна љубов минатиот четврток, а на веселбата имало 900 гости.
Новопечената госпоѓа Живоиновиќ открила какви проблеми имала поради детал од венчавката.
Таа на свадбата блескаше во дури две венчаници, додека за нејзното деколте во црквата и тоа како се зборуваше. Сепак колку и да се труделе се да помине беспрекорно, Александра открила дека велот и задал најголема главоболка неколку дена пред самата церемонија.
-Се течеше по план се додека пет или шест дена пред свадбата не требаше да стигне велот. Наместо во Србија, пратката од Италија отишла во Мемфис, а како сето тоа се случи во петок пред викенд, рекоа дека велот не може да стигне во Белград пред четврток, одноно до денот на нашата свадба – открила госпоѓа Живоиновиќ, а потоа го раскажала расплетот на ова сценарио кое ниту една невеста не би сакала да го доживее.
-Дизајнерката и нејзиниот сопруг упорно би бараа доставувачите, така што велот стигна во понеделник-рекла Александра.
-Тогаш се случи уште еден пех бидејќи немаше облик кој одговараше, па мораше да се прекројува- открила пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.