| четврток, 6 декември 2018 |

На 17 секунди по едно лице се заразува со ХИВ-вирус

Скоро 30 години на 1 декември се одбележува Светскиот ден на борба против Сида, со цел подигнување на свеста кај јавноста за инфицирање со ХИВ и заболување.

Според податоците на Заедничката програма на Обединетите нации за ХИВ/Сида (UNAIDS) на секои 17 секунди во светот едно лице се заразува со ХИВ, односно 5.000 луѓе дневно. Во 2016 година во светот со вирусот биле заразени 1,8 милиони луѓе, пренесе хрватски „Индекс“.

Од појавата на болеста во светот починале 35 милиони луѓе. Годинава тема на Светскиот ден е „Правото на здравје“ и промовирање на важноста на еднакви права на здравје за сите луѓе ширум светот, без дискриминација, вклучително и за луѓето со ХИВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top