| четврток, 6 декември 2018 |

Ја распнуваат поради оваа снимка: Како Меган можеше да си го дозволи ова?(видео)

Новопечената војвотка Меган Маркл, која ја заработи оваа титула со венчавањето со принцот Хари пред повеќе од еден месец, брзо ги усвои кралските правила кои се однесуваат на формалното облекување за јавните настани.

Но се чини дека поранешната актерка сепак досега немала време да ги усвои сите правила на однесување кои се бараат од членовите на кралското семејство.

Така Меган за време на доделување на наградата “Queen’s Young Leaders” за 2018 година ги прекрстила нозете на непримерен начин.

Имено, според правилата на однесување на кралското семејство, женските членови на монархијата мора да ги држат колената споени за време на седењето, додека глуждовите може, но и не мора да се прекрстуваат. Токму таа грешка ја направила и Маркл кога неколку секунди пред фотографирањето ги прекрстила нозете но брзо сфатила што направила и ја поправила грешката.

Новинар на списанието Пипл го забележал овој момент на невнимание на младата војвотка и ја споделил снимката на социјалните мрежи. Многумина ладно ја искритикувале ваквата грешка на војвотката, додека другите застанале во нејзина одбрана тврдејќи дека вакво нешто може да му се случи на секого.

Сепак, експертката за кралски бонтон Мика Мејер вели дека “прекрстувањето на колената е најголемата грешка во бонтонот која една дама може да ја направи”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top