Светскиот шампион Германија е аут од Мундијалот 2018.
Фудбалерите на Јоаким Лев претрпеа сензационален пораз со 0:2 од Јужна Кореја во последниот натпревар во групата „Ф“ на Светското првенство во Русија. И двата погодоци беа реализирани во дополнителното време – во 93-та Јонг-Гвон Ким беше прецизен за 1:0, а во 96- та Сон Хун-Мин го оформи крајниот резултат.
Германците имаа потреба од победа, но така и не успеаја да го совладаат расположениот голман на Јужна Кореја.
Светските шампиони од 2014 останаа на последното четврто место во групата со три поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“