Грција вчера беше погодена од страшно невреме, проследено со силен дожд, понекаде и реки вода кои носеле автомобили и помали објекти, како што е забележано на Ситонија. Ако планирате патување во Грција овие денови, метеоролозите најавуваат дека ве чека променливо време со дожд, но добрата вест е дека во наредните денови се очекува разведрување.
Според најавата на метеоролозите, во Грција и денеска се очекува променливо време, со највисока температура до 24 степени.
Наредните два дена во Грција се очекува невреме проследено со дожд, бура, грмежи, поради што е издадено портокалово предупредување, објави Акуведер.
Во петок, но и првиот ден од викендот, според прогнозите, ќе дојде до разведрување со температури до 30 степени, додека во недела и понеделник се очекува тмурно време, со температури околу 30 степени.
Според прогнозата на грчките метеоролизи, од 3 јули па се до крајот на август, температурите нема да надминат 34 степени Целзиусови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.