| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска ќе биде облачно и тмурно со магла по котлините

Денеска во целата земја ќе биде умерено до значително облачно со појава на магла по котлините. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 10 Целзиусови степени, во Маврово 9, Охрид 12, Прилеп и Кавадарци 11, Крива Паланка и Берово 8, Дојран 14…

Утре времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд поинтензивен на запад.. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Дневните температури ќе се движат од 8 во Маврово и Берово, 9 во Охрид, 10 во Скопје до 12 во Кавадарци и 15 во Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top