Поранешниот руски заменик министер за финансии за московскиот регион, Алексеј Кузњецов, кој се поврзува со селективниот банкрот во 2008 е уапсен во Франција. Москва го бара заради измама вредна 105 милиони долари, а кај него се најдени неколку лажни пасоши. На интернет-страницата на руското МВР наведено е дека тој е на листата на најбараните уште од ноември лани. Сега се чека негова екстрадиција во Русија. Кузњецов лани се спомнуваше и во Црна Гора, во делот на капитални странски инвестиции во Комбинатот за алуминиум во Подгорица, но потоа беше посочен како „руски шпион во земјата, кој мора да замине“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.