| четврток, 6 декември 2018 |

Вака збореше СДСМ кога беше опозиција: Условена препорака затоа што ЕУ не верува на Владата

СДСМ кога беше во опозиција поинаку гледаше на препораката која Македонија ја доби од ЕУ. Тогаша партијата која сега е на власт објавуваше вакви соопштенија:

Препораката од ЕУ за почеток на преговорите на Македонија, за жал, е условена поради тоа што ни Брисел повеќе не му верува на Никола Груевски, велат од СДСМ по објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

„Заедно со граѓаните, успеавме да ги задржиме евро-интеграциските процеси на Македонија, сериозно доведени во прашање од политиките на актуелната власт. Има корупциски скандали и мешање на политиката во институциите во Македонија. Договорот од Пржино е најдобар начин да се стави крај на политичката криза. Примената на Договорот ќе се разгледа по изборите, кога ќе следува нов извештај од ЕУ за Македонија. Ова е директно изговорено од еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, предмалку во Брисел“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според СДСМ, ова е директна порака до Никола Груевски и до неговата власт, дека не смее да си дозволи да не го почитува договореното или да помисли на криминален, корупциски, насилен изборен процес.

Од партијата велат дека продолжуваат да работат на нормализација на државата и дека се одлучни по 24 април да ја вратат слободна и европска Република Македонија, пишува meta.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top