Светското првенство го буди детскиот дух во сите нас и покрај децата, има и многу возрасни кои посакаа да го собираат албумот со фудбалерите.
Сепак, тоа за некого може да биде голема финансиска инвестиција, а со тоа се кршат сите детски соништа.
Но, едно момче од Бразил не дозволило да остане без наполнет албум само заради финансиите.
Мајката на Педро од Бразил, која работи како касиерка, му го купила само албумот, но немала доволно средства и за сликичките.
8-годишното момче ја разбрало ситуацијата, но не сакало ниту да ја пропушти шансата да го собере албумот, па решил сам да си го нацрта албумот со фудбалерите во тетратка.
Му било потребно многу труд, но земајќи инспирација од сликичките на другарчињата, тој успеал да ги наслика сите 126 играчи, вклучувајќи ги неговите идоли.
„Мислев дека другите ќе му се смеат бидејќи тие го имаат собрано албумот, а неговиот е нацртан во тетратка на листови. Тој секогаш сакаше да црта, но никој не ги вреднува тие работи.“ – изјавила неговата мајка.
Но, се случи спротивното. Целиот свет е инспириран и се топи пред неговиот талент и снаодливост, како и упорноста да си ја оствари сопствената цел, независно од пречките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Јана Стојановска во врска со девет години помладо момче (ФOTO)