| четврток, 6 декември 2018 |

Фенрбахче се противи на суспензијата од УЕФА

Истанбулскиот фудбалски табор беше казнет минатиот месец, а суспензијата му е втора во последните три сезони. Доаѓа по истрагата на европската куќа на фудбалот по наводите дека официјалните луѓе на клубот, помогнале да се наместат мечеви, кои на составот му ја донеле титулата во 2011-та година

fenerbahce

Истото му беше одземено поради местење натпревари, а владејачкото фудбалско тело на Стариот континент новото сослушување во врска со овој случај го закажа за во среда.

Фенербахче минатата натпреварувачка кампања во турското фудбалско првенство ја заврши на втората позиција, зад лутиот градски ривал Галатасарај, па требаше да игра во третата квалификациска рунда за елитниот клупски ранг во Европа.

Доколку жалбата на Фенербахче биде одбиена, можно е Турците правдата да ја побараат пред Меѓународниот суд за арбитража во спортот.

Нормално, не мора да наведуваме дека челниците на турскиот фудбалски клуб негираат каква било вмешаност во местење натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top