| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарците бесни на Џака и на Шаќири, од ФИФА бараат да бидат казнети

По дуелот меѓу Србија и Швајцарија, страстите никако не се смируваат. Иако Швајцарија славеше на овој дуел, сепак новинарите од оваа земја, како и граѓаните не можат да им простат на Гранит Џака и Џердан Шаќири за нивниот начин на прославување на головите. Двајцата фудбалери со албанско-косовски потекло, и покрај предупредувањата испратија политичка порака, покажувајќи двоглав орел, националниот симбол на албанското знаме.

-Швајцарија и покрај победата, денес е понижена”,  „Ветувањето траеше скоро четири години, до петок навечер” констатираше „Блик”. „Провокацијата е глупа и непотребна“, се дел од коментарите на медиумите.

И селекторот на Швајцарија, Владимир Петковиќ по мечот имаше свој коменар.

-Ги предупредив дека политиката не смее да се меша во спортот. Целата држава е против ова, не им беше потребно такво нешто“.

Србија веќе испрати жалба до ФИФА, за копачките на Шаќири, на кои имаше знаме на Косово, а прославување на двајцата фудбалери со двоглав орел, но и за недосудениот пенал. Од таборот на оваа репрезентација очекуваат казни за Џака и Шаќири…

 

извор: спортмедиа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top