| четврток, 6 декември 2018 |

Три интересни натпревари денеска на Мундијалот во Русија

Денес на Мундијалот во Русија како и во поголемиот број денови не очекуваат три натпревари. Прво во 14:00 часот отвараат Белгија ќе се сретне против селекцијата на Тунис.

Белгијците во овој натпревар влегуваат шест победи и 11 натпревари на кои не се поразени и очекувањата се таа низа да биде продолжена. Но,  овој Мундијал не навикна дека можеме да очекуваме изненадувања. Тунис одигра одличен натпревар против Англија и беа поразени дури со голот на Хари Кејн во финишот од средбата.

Мундијалската програма продолжува со натпреварот од 17:00 часот кога ќе се сретнат Јужна Кореја и Мексико.

Мексико е селекцијата која според многумина го направи најголемото изненадување во првото коло совладувајќи го светскиот шампион Германија. Мексиканците се меѓу селекциите кои прикажаа најдобра игра во првото коло и победа во овој натпревар ќе ги доведе на чекор од 1/8 финалето.

Корејците во натпреварот влегуваат како аутсајдери, можеби не така големи со оглед на прикажаната игра против Швеѓаните кога загубија само минимално од 1:0.

Селекторот на Корејците за овој натпревар не ќе може да смета на Парк-Јо-Хо кој заработи повреа на мускулот.

И во 20:00 часот натпреварот кој поради поразот на Германците во првото коло сигурно е најинтересен.

Јоаким Лев и неговите избраниците немаат право на кикс во овој натпревар, Мексико ги изненади не смеат да си дозволат истото да им се случи и против Шведска.

Од друга страна Шведска покажа дека не е наивна репрезентација беа хит во квалификациите, а Италијаците токму поради нив не се во Русија.

извор: sportski.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top