Сопствениците на една од првите фарми за производство на печурки „Агро Линк” велат дека лесната продажба се должи на одличниот квалитет, а тој пак на добрите природни услови кои ги има нивната фарма лоцирана во најеколошката општина во Македонија.
– Нашиот производ е 100% еколошки, тоа го гарантира и самиот сертификат кој го има општина Чашка за најеколошка општина. Планираме да го прошириме производството, има услови за тоа, имаме разбирање и од локалната власт но и министерството за земјоделие“, велат од „Агро Линк”.
Побарувачката на печурката сурова и обработена на пазарот е зголемена, таа веќе станува секојдневие во исхраната и токму затоа земјоделците се сè повеќе заинтересирани за отпочнување на производство. Ако се земат во предвид и субвенциите тогаш реални се очекувањата за зголемен број на фарми во кои ќе се одгледува овој производ, велат од Канцеларијата за потикнување на земјоделието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.