На ден 22.06.2018, со почеток во 14.00 часот, Музејот на град Скопје ќе се претстави во Земаљскиот музеј во Сараево со изложбата „Скопската тврдина – симбол на градот“ од авторите д-р Снешка Лакалиска, Драгица Живкова и Игор Кузманоски. Со изложбата се презентираат 110 предмети кои отсликуваат разни аспекти од животот на Скопското Кале во византискиот и османлискиот период, со акцент на керамичкиот материјал.
Изложбата „Скопската тврдина – симбол на градот“ во Земаљскиот Музеј во Сараево се реализира непосредно по збратимувањето на градовите Скопје и Сараево, а со цел за интензивирање и продлабочување на соработката од областа на културата. Истовремено, Со оваа изложба Музејот на град Скопје се вклучува и во одбележувањето на 130-годишнината од основањето на оваа реномирана музејска институција од Сараево. Изложбата ќе биде отворена до 20.07.2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


