| четврток, 6 декември 2018 |

„Поместени граници“, изложба на членови на ДЛУМ во Галеријата на МКЦ

Друштвото на ликовни уметници на Македонија  во соработка со Министерството за култура на Р. Македонија и Галеријата на Младинскиот културен центар МКЦ од Скопје организираат отварањето на изложбата „Помесетни граници“ која што ќе се одржи на 21 јуни (четврток) 2018 година во Галеријата на Младинскиот културен центар МКЦ  во Скопје со почеток во 19:30 часот.

Како што ќе каже кураторот на изложбата Христијан Санев „…Разновидноста во изразувањето, доблеста и богатството на ликовниот медиум…од една страна е ограничена со зададена тема, а од друга страна, разоружена од внатрешната борба на границата со оксиморонот, чија асинтагма во насловот на темата Поместени граници, инхерентно се имплицира.”
ГРАНИЦА е нешто што сугерира на статичност и постојаност, додека ПОМЕСТУВАЊЕ, наговестува неминовно движење, можеби, но не и со сигурност конфликтно, во секој случај поместување од динамичка природа. Идејата за бришење на линијата која современиот ликовен медиум го дели од класичната ликовна уметност, со појдовна точка од концептуалното размислување, наидува на конвенционален творечки пристап, па сходно на тоа, целта на овој проект е да и се прикаже на пошироката публика, новиот аспект на актуелното ликовно истражување.

На изложбата учествуваат автори членови на ДЛУМ од Р. Македонија Анастасија Пандиловска, Филип Фидановски, Маја Кировска,  Кристијан Тодоров , Игор Таневски, како и гости од Р. Србија Јелена Лалиќ, Светлана Вилиќ, Ана Цицовиќ и  Ејприл Дауша од САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top