Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Национална галерија на Р. Македонија, на 26 декември во Национална галерија на Македонија објект „Мала станица“, пред многубројната публика го отвори 64-тото издание на „Годишната изложба на ДЛУМ”.
На овој најстар ликовен проект на ДЛУМ годинава учество земаа повеќе од 70 автори, членови на друштвото, чии ликовни дела се изработени во последната година, а ги опфаќаат сите ликовни медиуми, и е единствениот ликовен проект во кој се доделуваат награди во повеќе ликовни категории ( сликарство, вајарство, графика, нов медиум …).
За овогодишното издание, 7 члениот уметнички совет на ДЛУМ одлучи да ги награди следните имиња :
Јана Манева Чупоска – за најдобро сликарско дело (категорија сликарство)
Ана Ивановска – за најдобро вајарско дело (категорија вајарство)
Златко Глигоров – за најдобро дело во категоријата нов медиум
За љубителите на уметноста, изложбата ќе биде отворена до средината на месец јануари 2018 година, секој ден освен понеделник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.