Премиерот Зоран Заев, кој вечерва гостуваше во Само вистина на Канал 5 рече дека без разлика дали референдумот ќе биде консултатиев или обврзувачки, резултатот кој ќе произлезе од него ќе биде обврзувачки. Премиерот, исто така, нагласи дека ќе го почитува Уставот, бидејќи така пишува во Уставот, но не прецизира на кој Устав мисли, дали на актуалниот што го прекршуваше неколку пати до сега или на новиот што планира да го донесе.
– Мене ми е многу важно да имаме успешен референдум. Треба да знаат граѓаннит едека резултатот од референдумот ќе биде задолжителен. Ќе донесеме одлуки сите дали ќе биде консултативен или задолжителен. Не се знае се уште, треба во Парламентот да донесеме декларации, закони, не се знае што ќе направиме, но треба да знаат дека резултатот на самиот референдум ќе биде обврзувачки, вели премиерот.
Иако не беше сигурен како е точно наведено во Уставот, тој се обиде да ги изнесе пред јавноста правите формулации:
-Мислам дека во Уставот вака се рпавите формулации: Дали ќе биде обврзувачки или консултативен референдумот, резултатот ќе биде задолжителен. Значи, без разлика, така е и по Устав, без разлика каков референдум ќе определи дрѓавата, резултатот треба и ќе биде задолжителен. Што значи тоа – кога ќе излезат граѓаните, и ако мнозинствот гласаат за, тогаш резултатот е обврзувачки. Верувам ќе гласаме сите во парламетот за уставните амандмани. Ако граѓаните се против договорот со Грција, тогаш нема ни ратификација на договорот и готово нема договор. Тоа што ќе го одлучат граѓаните, ќе биде задолжително, објасни премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)